Женската репрезентација стигна до репасаж, Турција – Франција (мажи) и Турција – Украина (жени) за европското злато
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Женската репрезентација на Македонија во борби денеска е совлдана од репрезентацијата на Украина со 2-0 на Европското карате првенство за сениори во Коџаели-Турција.

Бидејќи Украина се пласира во финалето на екипниот дел, нашата селекција во состав Наташа Сетфановска, Јована Георгиева, Сара Крстевска и Моника Стефановска, доби шанса во репасажот да учествува во боебата за бронзениот медал. За жал, налетаа на репрезентацијата на Франција и забележаа уште еден пораз од 2-0. И да ја победеа Франција ќе требаше да ја поминат и Австрија за да се борат за бронзата.

За златниот медал ќе се борат Турција и Украина. Турција во полуфиналето ја совлда Германија 1-1, однонсо Украина – Словенија 2-0.

За бронзените медали ќе се борат Франција – Словенија и Германија-Словачка.

Да потсетиме дек аи машкиот тим загуби со 2-0 од Италија.

Во машкото финале ќе се сретнат Турција (Германија 3-1) и Франција (Хрватска 3-2), а за третото место ќе се борат Украина-Германија и Италија-Хрватска.

Берат Јакупи ќе се бори за златниот медал во категоријата до 84 килограми, а Сара Радичевска и Јована Георгиева за бронзениот медал во сабота.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone