Емил Павлов најдобар спортист во Штип!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

emil Pavllov

Најдобар сениор, воедно, и спортист на годината во Штип е каратистот Емил Павлов, кој минатата година стана европски шампион на Европското првенство во Тампере, Финска.

Комисијата за избор на најдобар спортист на град Штип немаше дилема за изборот на најдобриот спортист за 2014 година, затоа донесе едногласна одлука.

И второпласираниот е од светот на боречките спортови, тоа е борачот Бобан Данов, како и третотопласираните Дејан Митров (борење) и Мартин Стојчевски (бокс). Додека каратистот Горан Иванов е најдобриот меѓу малдите спортисти, а боксерот Осман Демиров е втор, третото место го делат каратистката Јована Ѓоргиева и борачот Никола Димитриев.

boban danov 1

Во конкуренција на кадети најдобар е борачот Михаил Николов, втор е борачот Васе Спасов, а трет е боксерот Ангел Арсов. И кај пионерите признанието е во рацете на борачот Дарко Иванов, втор е пингпонгарот Филип Костадиновски, а трета е одбојкарката Тамара Христовска.

Најдобри спортски работници се Благој Донев од БК Баргала и Мики Петров од РК Кожувчанка.

Најуспешни тренери се Сашко Арсовски од карате Клуб Штип и Петар Чурлинов боксерски клуб Баргала.

Најдобра екипа за 2014 г е УКК „Гоце Делчев“. Во рангот на училишниот спорт најдобра е одбојкарската екипа на ОУ „Димитар Влахов“-мажи и „Димитар Влахов“-жени.

За најдобри новинари се прогласени Драги Герасимов и Кирил Манев. Свечениот церемонијал на оваа спортска манифестација ќе се одржи на крајот на јануари во салата на Советот на Општина Штип.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone