Егоров и Нуров поразени на „Али Алиев“ во Русија (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

 

Македонските репрезентативци Владимир Егоров (57 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг) претрпеа порази на силниот турнир „Али Алиев“ во Дагестан, Русија, на кој што наградниот фонд за секој победник по категорија е 150 илјади долари.

Мурази Мчелиѕе (Украина) беше подобар од Нуров славејќи со 5-3, додека Егоров ја заврши борбата 1-1 со Занабазар Занданбуд од Монголија, но бидејќи протовникот последен освои поен на него му припадна победата.

Една од најинтересните финални борби беше онаа меѓу Русинот Расул Газимагомедов и Италијанецот Франк Чамизо која му припадна на црномурестиот итлијански репрезентативец со 11-5.

Погледнете ја оваа интересна борба:

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone