Европско превнство: За Петар Заборски бронза, Петар Спасеновски спречен од судиите да се бори за медал (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

 

 

Петар Заборски го осовиот единствениот медал (бронзен) за Македонија на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во конкуренција на јуниори до 21 година во категоријата до 75 килограми, а Спасеновски ја испушто можноста да се бори за медал, иако стигна до меч за влез во полуфиналето, а ја имаше победата против Енес Цонго од Босна и Херцеговина. Судиите го дисквалификуваа за влечење при резултат 2-1.

Специјален известувач: Венцо Донев

Фото: Ipon.mk

Инаку од денешниот ден според прикажаните борби можеме да бидеме задоволни од нашите каратисти, но не и од резултатите. Давид Петков и Димитар Илиевски прикажаа одлични борби. Димитар на несреќен начин не пројде понатаму, а и неговиот противник на несреќен начин не се пласира во финалето.

Во клучниот меч за бронзениот медал Петар Заборски го совлада – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0).

Инаку во првата средба Заборски загуби од Габор Хараспуки од Унагрија со 0-3, но затоа во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби.

Петар Заборски (-75 кг) 2.коло – Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3 (0-1, 0-2, 0-3)

Заборски дозволи многу лесно да му ги земат првите два поени, а третиот дојде како последица на бркање резултат. Во две ситуации судиите не доссудија поени за Петар, при кизаме цуки и уширо гери.

Репасаж: Петар Заборски – Ардит Рушити (Словенија) 2-0 (1-0, 2-0)

Заборски влезе многу сигурно во првата борба од репасажот и со напаѓачка тактика, така што на два пати со брзи кизаме цуки поентираше. Потоапостојано го притискаше противникот.

Репасаж 2: Петар Заборски – Ѓорѓе Салапура (Србија) 1-0

Заборски и Салапура водеа статичка борба со многу претпазливост, па се се реши во последните секунди, а Петар победоносниот поен го направи на 8 секунди до крајот.

За бронзен медал: Петар Заборски – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петар се избори мудро и храбро и го потроши и последниот атом во клучната борба за бронзениот медал содва извонредни чако зуки удари.л

Моника Пендароска (-55 кг) – Ли Лирисман (Естонија) 0-0 (2-3 изјаснување)

Сара Крстевска (61 кг) – Маириам Елсавад (Австрија) 0-1

Ангела Мојсовска (-68 кг) 2.коло – Орана Фортеса (Косово) 3-4 (0-1, 0-2, 0-3, 2-3, 2-4, 3-4)

Мојсовска дозволи многу лесно да и поведат со 2-0 на контри, потоа и 3-0. Со агресивната борба намали на 2-3, но противничката поведе со 2-4, за Мојсовска да намали на 3-4, но немаше сила да направи целосен пресврт.

Давид Петков (-60 кг) – Дмитро Конијчук (Украина) 4-3 (0-1, 0-2, 3-2, 4-2, 4-3)

Давид Петков против Украинецот направи целосен пресврт откако му поведе со 0-1 и 0-2, но нашиот репрезентативец со уромаваши направи ипон и поведе со 3-2. Потоа со сигурно водење на борбата стигна до победата.

Давид Петков – Уго Маседо (Португалија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петков добро напаѓачки влезе во овој меч и со борба од близу со чако зуки и и кзаме цуки собираше поени, но имногу не му досудија, како оној со атрактивен уширо гери.

Давид Петков – Едгар Миносјан (Ерменија) 3-5 (0-1, 0-2, 3-2, 3-4, 3-5)

Нашиот репрезентативец се најде во незгодна позиција бидејќи противникот му поведе со 2-0, поради борбата што ја водеше од дистанца. Петков успеа да изарботи уширо гери и да освои три поени и да го изедначи резултатот. Сепак, во желбата да дојде до победа противникот го фати на две контри и ја заврши борбата во полуфиналето.

Димитар Илиевски (-67 кг)2.коло – Симеон Стојчев (Бугарија) 6-1 (0-1, 1-1, 2-1, 3-1, 4-1, 5-1, 6-1)

Иливески не се поколеба по водството на противникот туку со борба од блиску и најчесто  со чаку зуки и кизаме цуки поентираше, од кои повеќето беа во контранапад со престретнување.

Димитар Илиевски – Сами Енхаили Енкјуд (Шпанија) 3-5 (1-0, 1-1, 2-1, 3-1, 3-5)

Борба со многу возбудувања која на крајот заврши трагично за нашиот натпреварувач, бидејќи на само 2 (две) секунди, а беа вкуоно осум до крајот, противникот во контра му направи ипон. Така доби три поени и победи во мечот во кој доминираше Димитар.

Петар Спасеновски (-84 кг) 2.коло – Хвича Кипароидѕе (Грузија) 2-0 (1-0, 2-0)

Цело време борбата се водеше од дистнаца и со многу тактизирање. Спасеновски поведе со 1-0 на 34 секунди пред крајот, а на 7 секунди и со 2-0.

Петар Спасеновски – Јулиан Шане (Швајцарија) 3-3 (1-0, 2-0, 3-0, 3-3)

за полуфинале Петар Спасеновски – Анес Цонго (БиХ) 2-1, дисквалификација

Семир Ќосовиќ (+84 кг) – Габриел Атанасов (Молдавија) 3-1 (0-1, 1-1, 2-1, 3-1)

Ќосовиќ иако го изгуби првиот поен, потоа со постојана акција од близу ја зголемуваше разликата во водсвото.

Семир Ќосовиќ – Филип Барац (Хрватска) 0-1

Претежно одмерување на силите, а Барач на крајот го освои единствениот поен што му ја донесе победата.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone