Дионтеј Вајлдер осуден за користење на марихуана
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Светскиот шампион на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Дионтеј Вајлдер е осуден на 60 часа работа општествено-корисна поради користење на марихуана, јави порталот Боксерска сцена.

Минатиот јуни, во својот роден град Тускалуса (Алабама), полицијата го сопре возилото на Вајлдер поради повреда на сообраќајните правила, односно затемнувањето на стаклата било повеќе од дозволеното.

Полицајците го пребарале автомобилот и најшле марихуана. Вајлдер беше задржан еден ден во полициската станица, а потоа е ослободен со кауција од 10.000 долари.

Во четвртокот, судот го прогласи боксерот за виновен за наводно поседување опојни дроги. Покрај јавната општествено-корисна работа, спортистот е осуден и на 30 дена условна казна затвор за период од две години.

Дионтеј Вајлдер е олимписки шампион од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а во професионалниот ринг не знае за пораз во 38 средби (37 со нокаут).

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone