Де ла Хоја изненадува: Скришно тренирам за меч со Мек Грегор, а ќе го нокаутирам за две рунди!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Светскиот шампион во шест различни категории Оскар де ла Хоја во неодамнешно интервју откри дека „тајно“ се подготвува за своето враќање за дуел против суперѕвездата Конор Мек Грегорr.

44-годишниот Де ла Хоја се повлече од професионалниот бокс по последниот пораз со технички нокаут од Мани Пакијао во 2008 година.

Намерите му се интересни особено поради критиките кои ги испраќаше на адреса на Ирецот и неговото бокс деби против Флојд Мејведер Јуниор.

Де ла Хоја беше толку против средбата што апелираше на интернет сите да го бојкотираат настанот. Се разбира, неговиот обид не беше успешен и дуелот имаше 4 милиони платени гледања, со што стана вториот најуспешен плати па гледај настан во историјата.

Мек Грегор имаше добар старт, но подоцна се умори и беше совладан од Мејведер во 10 крунда.

Де ла Хоја верува дека може да го заврши во две рунди.

„Работев напорно во изминатите пет месеци“.

„Оганот уште гори во мене. Побрз сум и помоќен од кога било. Сигурен сум дека можам да го победам Мек Грегор во две рунди. Враќањето е за оваа средба. Само за една. Го предизвикувам. Две рунди ми требаат. Тоа е, што можам да кажам“.

Де ла Хоја негираше каква било можност средбата да биде по правилата на УФЦ.

„Тој е брутален Ирец. Тој е крал. Нема соменвање дека ќе ме смечка во ќелијата. Мечот треба да биде во рингот“.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone