Дејвид Хеј: Тајсон Фјури потпиша глупав договор
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Klicko i fjuri koj pokazuva rogovi

Поранешниот светски шампион во две тежински категории – Британецот Дејвид Хеј, кој неодамна изјави во интервју за „Дејли Мејл“ дека неговиот сонародник Тајсон Фјури ќе го победи Украинецот Владимир Кличко и во реваншот, ја промени во одреден степен својата позиција по повод идната борба. Според него, Фјури направил голема грешка согласувајќи се да потпише клаузула која му обезбедува инстант реванш на Влад.

„Владимир Кличко имаше навистина ужасна вечер, кога тој се боксираше со Фјури, но сега двајцата ќе се борат во реваншот и ќе видиме што ќе се случи. Фјури е забавна личност. Тој ги поседуваше сите појаси, а сега има еден помалку заради тоа што потпиша еден глупав договор. Но тој си е таков, глупости“, изјави Хеј.

Како што е познато, на 28 ноември 2015 година амбициозниот Британец Тајсон Фјури го шокираше спортскиот свет, победувајќи го Владимир Кличко на поени во мечот од 12 рунди. Победникот беше избран со едногласна одлука на судиите – 115-112, 115-112, 116-111.

Така, по девет години, 7 месеци 8 дена и 19 одбрани Украинецот ги изгуби титулите во верзиите на IBF, WBA, WBO и IBO. Потоа Тајсон Фјури беше лишен од шампионскиот појас во верзијата Меѓународна боксерска федерација, бидејќи според регулативата тој мораше да се бори со кандидатот за титулата на ИБФ, Вјачеслав Гласков, но наместо тоа, се покажа дека прифатил втора средба со Владимир Кличко.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone