Дејан Митровски: Претседателот на ВАКО, Борисав Пелевиќ, со безрезервна поддршка за македонскиот кик бокс
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Светската кик бокс организација ВАКО (WAKO) е во акција кај националните олимписки комитети да добие поддршка од нив пред Меѓународниот олимписки комите (ИОК) и овој спорт да стане дел од семејството на олимписки спортови. Таква поддршка доби од Олимписките комитети на Германија и Швајцарија.

Во таа насока беше и средбата на претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) Дејан Митровски – Урко и Сашо Поповски, генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во Ниш имаа средба со претседателот на Свестката федерација за кик бокс (ВАКО) Борисав Пелевиќ. Во неформалната средба Пелевиќ ја побара истата поддршка, како онаа од Греманија и Швајцарија, и од МОК, односно да лобира кикбоксот да стане олимписки спорт, најверојатно на Олимписките игри 2028 или 2032 година.

„Следната недела претседателот на МОК, Васил Тупурковски, има официјална средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) д-р Томас Бах и шеикот Ал Сабах на која меѓу другото ќе се зборува и на оваа тема, како и за помошта на македонските спортисти и изградба на олимпискиот дом на МОК“, вели Митровски, кој со одлука на Управниот одбор на МОК е избран за член на Комисијата за неолимписки спортови на МОК.

Претседателот на КБФМ  истакнува дека имаме многу добра соработка со првиот човек на ВАКО, а не говиот придонес се видел пред и за време на Европското првенство за кадети и јуниори што се одржа во Скопје.

„Пелевиќ дава безрезервна поддршка и на мене како претседател и нашата Федерација. Од друга страна, ни дава огромна поддршка. Прв пат добивме така голема поддршка за афимација на кик боксот во нашата земја и постигнување на поголеми успеси на нашите кик боксери на меѓународните првенства“,  истакнува првиот човек на КБФМ, Дејан Митровски.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone