Дејан Митровски за ЕП: Задоволен сум од резултатите, пожртвуваноста и желбата за победа на репрезентативците!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Викедов заврши Европското првенство во кик бокс за кадети и јуниори на кое македонските репрезентативци освоија 10 медали – 3 сребрени и 7 бронзени. Претседателот и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски- Урко е задоволен од постигнатиот резултат.

„Од натпреварувачите сум презадоволен! Од нивната пожртвуваност и желбата за победа, како и од постигнатите резултати. Македонската репрезентација освои 10 медали, досега најмногу од сите првенства, имаме 3 сребрени и 7 бронзени. Најважно од се е дека немаме повредени натпреварувачи. Следно е Светското сениорско првенство во Будимпешта , Унгарија од 4 до 12 ноември 2017 година,на кое ќе настапат нашите сениори“, вели Митровски.

И за организацијата на Европскиот шампионатот има задоволство кај претседателот Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ).

„Како организатор многу сум задоволен од одржаното Европското првенство за кадети и јуниори, како и од тимот без кој не можеше да се реализира  првенството. Благодарност од мене и од КБФМ до сите што на каков било начин помогнаа за реализација на овој шампионат, а тоа многу помага за развојот на кикбоксот и Македонија да се претстави во најдобро светло“, истакнува претседателот на КБФМ.

На ова ЕП имаше пријавено 1563 борци од 36 земји и досега е едно од најголемите според бројот на пријавени учесници на сите одржани ЕП-а од ВАКО.

Сребрени медали освоија:

Азрет Зекири (-89 кг, јуниори, лајт контакт)
Стефан Крстев (- 48,кг, кадети, лоу кик)
Марко Тодоров (- 54 кг, кадети лоу кик).

Со бронзени медали се закитија:

Никола Нацев (+ 69 кг, кадети, кик лајт),
Витанче Витанов (+ 81 кг, кадети, кик лајт)
Викторија Варадинова (до 60 кг, јуниори, лоу кик)
Ивица Цветковски, (- 84 кг, јуниори, кик лајт)
Благојче Стојанов (- 89 кг, јуниори, кик лајт)
Ненад Пантиќ (- 94 кг, јуниори, кик лајт)
Бобан Јосифов (+ 94 кг, јуниори, кик лајт).

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone