Дејан Георгиевски освои бронза на Турција опен и е се поблиску до Олимпијадата во Токио 2020 (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

 

Европскиот шампион во олимписки категории Дејан Геогриевски покажа дека е класа борец на денешниот таеквондо турнир Турција опен 2018 од Г-1 турнирите, освојувајќи го бронзениот медал,  иако беше многу близу до борбата за златото. Дејан со крупни чекори се приближува на Олимпските игри во Токио 2020 година. 

Георгиевски извојува две победи над Русинот Георги Танделов со 12-5 и Турчинот Каан Килиџ 7-4, а доживеа пораз од светскиот првак Димтри Шокин од Узбекистан со 7-12 во полуфиналето.

Но, според водството на нашите таекводисти, Георгиевски до  крајот на борбата водел.

„Шокин е светски шампион, но мерката му е земена! Со оваа бронза имаме плус бодови за Олимписките игри во Токио 2020“, велат тренерите Борче и Дарко Костовски.

„Ова одлично отворање на сезоната. Некогаш Турција опен беше сон, а сега се е поинаку! Од овој Г-1 турнир се вративме со два медала,еден сениорски еден јуниорски. Покажаа одлични борби сите наши натепреварувачи овој Г-1 турнир“, нагласуваат тренерите!

Костадин Георгиевски (-80 кг, сениори) – Рахим Адилханов (Казахстан) 10-20

Адилханов потоа освои бронза.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone