Девет медали за Макпетрол на „Златно звоно“ во Младеновац!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Тимот на Макпетрол на победничкиот пиедистал Златно Звоно 2015

Викендов каратистите од Макпетрол на Интернационалниот карате турнир „Златно Звоно“ во Младеновац, Србија, освоија 9 медали (6 златни, 2 сребрени и 1 бронзен).

Според тренерот Бошко Заборски, регионалниот турнир бил контрола за возрасните категории на кадети/ки, јуниори/ки и јуниори 21.

 Два златни медали се освоени во екипна конкуренција во борби: машката екипа во конкуренција на постари јуниори (У21), во состав Емануел Ристевски, Никола Димитриевиќ и Игор Таневски и женската екипа-јуниорки борби составена од Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и Ева Блажевска.

 Во поединечна конкуренција за мажи, постари јуниори, остварени се следниве резултати:

  1. Емануел Ристевски златен медал категорија +84 кг за постари јуниори (У21)
  2. Игор Таневски златен медал во категорија -67 кг за постари јуниори ( У21)
  3. Никола Димитриевиќ сребрен медал во категорија -60 кг за постари јуниори (У21)

Златните Јуниорки на Макпетрол Златно Звоно - 2015

Во јуниорска категорија за женски:

  1. Ангела Мојсовска златен медал во Јуниорки +59 кг
  2. Моника Пендаровска сребрен медал Јуниорки -53 кг
  3. Ева Блажевска бронзен медал кадетки +59 кг
  4. Емилија Чешмаџиевска златен медал за пионерки родени 2002 година

Заборски истакнува дека претстојниот викенд сениорките на Макпетрол, кои се и македонски репрезентативки, ќе заминат во Маврово на еднонделни подготовки за Европското првенство во Истанбул, Турција, од 18 до 22 март. Додека кадетско-јуниорскиот состав повторно ќе патува во Србија на интернационалниот турнир во Аранѓеловац во организација на КК Књаз Милош, поранешен клуб на нашта репрезентативка Бисерка Тушевска, каде што ги постигна најголемите клупски успеси.

 ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone