Застрелан двократен светски шампион во кик бокс (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

dzhabrail-dzhabrailov

Поранешниот двократен светски шампион во професионален кик бокс, Џабраил Џабраилов е пронајден мртов.

Телото на 43-годишниот, маж кој умрел од рани здобиени од огнено оружје, е пронајден на паркинг во трговски центар на југозападот на главниот град, рекла портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Русија, Ирина Волк.

Се натпреварувал и како професионален боксер, и победил на 19 од 26 меча и бил шампион на Русија и ја држел титулата ВБЦ Интернационал во полутешка категорија. Осомничениот за убиството бил уапсен при влегување во авион со кој требало да побегне во Баку.

Ирина Волк навела дека убиецот има 31 година и дека ја познавал својата жртва, односно дека и осомничениот бил од Северен Кавказ.

Според првите информации од истрагата, убиецот и убиениот до трговскиот центар пристигнале со ист автомобил, во кој се скарала за пари.

Џабраилов бил убиен со куршум во телото од пиштол „Макаров“, а осомничениот побегнал од самото место.

На снимката се гледа како Џабраилов паѓа на снегот од возачкото седиште, додека осомничениот бега пешки.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone