Даниел Стефановски во сабота дебитира во Кина, а во декември се бори за светската титула во Рим
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Македонскиот воин Даниел Стефановски во сабота ќе ја има првата борба во Кина против Чен Јавеи, а под закрила на организацијата Фејт фајт.

„Во Кина сум. Мојот противник Чен Јавеи е силен борец кој се веќе се има борено против најдобрите борци во светот. Против шампионот на Глори, Дубе, Дмитри Валент и многу други борци. Противникот ми е висок 194 см.  Се чувствувам супер, имав супер подготовки и спаринзи“, изјави за Ipon.mk Даниел Стефановски, чија борба е во Шенжен.

Тој истакнува дека е многу интересен за Кинезите. А за очекувањата од оваа пресметка и можноста да ја заврши со нокаут Сетфановски вели:

„Имам свој специјален стил и секогаш одам на нокоут“.

Стефановски истакнува дека ќе потпише договор са Кинезите и дека ќе има многу борби во Азија.

„Ми се допаѓа колку се добри Кинезите, а и инвестираат многу пари во К-1“, нагласи Сетафановски и посочи дека во декември ќе се бори за светската титула на Суперкомбат во Рим.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone