Дана Вајт: Не знам од каде му таква идеја на Конор, тој не е вратен на УФЦ 200
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Dana-White-ufc-195

Иако Конор Мек Грегор со објавата на Твитер утрово изјави дека се вратил на програмата на УФЦ 200, Дана Вајт го негираше ова, велејќи дека тој не знае за што зборува Ирецот.

Да потсетиме, Конор Мек Грегор утрово постави пост дека е вратен на програмата на УФЦ 200 и по пат им се заблагодари на Дани Вајт и Лоренцо Ферита што му го овозможиле тоа. Медиумите го пренесоа тоа, но изјавувајќи дека ништо не е официјално додека не се изјасни УФЦ. Нивна објава немаше, па за тоа беше прашан Дана Вајт.

„Ова не е вистина. Со Конор не разговаравме, ниту со неговиот менаџмент од прес-конференцијата. Не знам зошто тој така го поставил тоа на Твитер“, изјави претседателот на УФЦ.

Се чини дека Конор игранекоја  чудна игра, со која се уште се обидува да го принуди УФЦ да му ги излезе во пресрет и да му дозволат настап на настанот под неговите услови. Но,, тие овој пат одлучија да останат на својот став, дури и ако тоа значи влошување на односите со својата најголема ѕвезда.

„Сите медиуми ме прашуваат во врска со ова. Не знам колку пати морам да кажам дека борбата е откажана и уште на колку прес-конференции морам да го кажам тоа за да поверуваат леѓето. Луѓе, борбата е откажана и не може да се врати на програмата“, Заклучува Вајт!

Факт е дека Конор Мек Грегор се уште не се откажал од оваа претстава, бидејќи во Исланд се уште тренира, затоа што мисли дека борбата ќе се одржи.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone