Далибор Богданов загуби во првиот ММА настап во Швајцарија (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Синоќа во Базел, Швајцарија, Далибор Богданов (-70 кг), дебитираше во ММА кафезот во оваа земја во аматерска конкуренција на СММАЦ 5 настанот.

Богданов (4-2-0) се сретн со Марко Зигнер (5-1-0) и загуби со одлука на судиите. Клучната предност противникот ја стекна при крајот на третата рунда. Зигнер дојде во доминантна позиција опсипувајќи го со удари Богданов, по што судијата ја прекина борбата, но поради истекот на времето.

Првите две рунди беа изедначени, при што борбата претежно се водеше до оградата, а и двајцата се изменија во доминантна позиција без поголем успех. Се забележуваше дека специјалност им е борењето, па така и ја водеа борбата.

„После толку време и само со еденипол месец подготвување јас сум задоволен. Ова не го прифаќам како пораз туку како нова лекција. Од утре продолжувам со појаки и поинтензивни тренинзи“, вели Богаданов и додава дека 2 фебруари 2018 година ќе има нова борба.

Ipon.mk/В.Д.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone