Далибор Богданов пред стартот на сезоната: Чувстувам глад за победи!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

dalibor Bogadnov go isfrla protivnikot 22.11.2015Штипјанецот Далибор Богаднов имаше впечатлив настап во герамнската Обер лига за ЕСВ Минхен, заблежувајќи девет победи од десет настапи. Неговиот клуб годинава ќе се натпреварува во повисок ранг.

Со своите борби борачот на штипски Балканец, како и останатите Македонци во Германија, испрати сигнал дека треба посериозно да се смета на нив. Тој е оптмист и за оваа година.

dalibor-so-staroto-zname

Веќе неколку години настапуваш во Греманија, не во најсиланата лига, но континуирано имаш настапи. Како отиде во Германија да се бориш?

-Во Германија дојдов 2011 година, во Минхен, и почнав да тренирам за овој клуб,  каде што настапувам и сега. По само две недели потпишав договор за ЕСВ Минхен. Истата година настапив на Меѓународниот турнир за јуниори „Киро Ристов“ во Штип во категорија до 60 кг слободен стил и бев 1прв во мојта категорија. Истата година бев втор на Државното првенство за јуниори, а следната година 2012 бев трето пласиран во јуниорска конкуренција. Во 2013 потпишав договор во РВ Лубтхен кој се натпреваруваше во Втората Бундес лига. За овој клуб настапував 2 години 2013 и 2014 година. На 22 февруари 2014 година настапив на републичко ниво и бев прв во категорија до 66 кг за сениори и избран за најдобар борач, додека на 3 мај настапив на шампионат на Северна Германија во категорија до 70 кг слободен стил и бев петопласиран а на 7 јуни на Меѓународниот турнир во Берлин, Пфингст куп, учество земаа повеќе земји(Полска,Данска,Украина,Америка и други, јас бев пети. Во борбата за бронза изгубив од Полјак. Наредниот ден настапив на друг меѓународен турнир во истата категорија до 66 кг и го освоив првото место,а една недела подоцна се борев на меѓународен турнир во Росток во категорија до 65кг и го освоив третото место.

Од септември до декември се борев во лигата во 65 кг слободен стил и неколку борби во истата категорија грчко-римски стил. Следната година се преселив во Минхен и се вратив на стариот, односно мојот прв клуб во Германија, ЕСВ Минхен Ост.

dalibor-na-piedestal-vo-germanija

Минатата година претрпе само еден пораз. Како беше оценет твојот настап од клубот, а колку си задоволен и ти самиот од настапите?

Од клубот беа задоволни од моите настапи затоа и го продолжив договорот и оваа година. Сега сме една лига повисоко. Mинатата година во Лигата од 10 борби победив во 9 во категорија до 75 гилограми и една на 66 кг, а претрпев еден пораз, кој беше и лекција за мене. Амбициите за победи се поголеми, а на една недела до почетокот на лигата чувствувам глад за победи.

Колку е поразлично борењето од кај нас?

Морам да напоменам дека има и разлика. Ако го споредеме борењето во Македонија и Германија, почнувајќи од пионерите кои имаат толку многу турнири и преборување речиси секој викенд. Исто така и за кадети, јуниори и сениори имаат доста многу турнири, а секој турнир секоја борба е нова лекција и без преборувања не може да се напредува.

dalibor-vo-germanskiot-pecat

Не се појави на Државното првенство, дали тоа значи дека се откажуваш од репрезентативните амбиции?

Би сакал да настапам на Македонското државно првенство, но имам мали пречки. Како прво, не знам кога се одржува; второ, далечината, а, од друга страна, не сакам јас да се наметнувам да прашувам кога, што, како да направиме да дојдам итн.

Минатата година мојот клуб не настапуваше на Државното првенство поради одредени причини, така да и јас не можев да настапам, бидејќи потекнувам од школата на БК Балканец од Штип, еден од најтрофејните клубови од Македонија.

dalibor-so-klubot-vo-minhen

Контактираш ли со другите борачи од Македонија во Греманија?

Ќе нагласам дека во германските лиги има 5-6 борачи од Македонија (Даниел Филипов, Благој Трендов, Александар Стојанов, Христијан Воденски), а со Даниел и Благој постјано сум во комуникација.

dalibor-dva-na-piedestal-vo-germanija

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone