Гокан Саки во Париз ќе се обиде да ја врати титулата на Глори
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Glori plakata 2016 za saki

Се враќа поранешниот шампион на Глори во полутешка категорија, Гокан Саки.

Турчинот не настапуваше за Глори од освојувањето на титулата на турнирот во Истанбул во април 2014 година, кога ги порази Натан Корбет и Тајрон Спонг. Потоа ја напушти организацијата по неуспехот во преговорите за продолжување на договорот. Во меѓувреме се бореше само еднаш и го победи Себастијан Чобану во Дубаи, во април 2015 година.

32-годишниот „Бунтовник“ на 12 март во Париз ќе се обиде да го врати шампионскиот појас од Саул Кавалари. Се уште непотврдена вест на Твитер објави тренерот на Бразилецот, Том Харинк.

Кавалари испразнета титула ја освои на настанот на Белатор и Глори Дајнамајт во Сан Хозе во септември, кој по втор пат го победи Зак Мвекасу.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone