Генерлно собрание на ВАКО: Во 2018 година кикбоксот ќе биде вклучен во Меѓународниот олимпикси комитет
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

На Генералното собрание  на ВАКО во Будимпешта, каде што се одржува Светското кик бокс првенство, претседателот Борислав Пелевиќ истакнал дека во текот на зимските Олимписки игри во Кина 2018 година ќе се одлучува за тоа дали кикбоксот ќе биде вклучен во Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) како олимписки спорт. Пелевиќ потенцирал оти е сигурен дека изборот ќе биде позитивен.

На Собранието присуствуваа претставници на 52 држави членки на ВАКО (Светската кик бокс организцаија). Нашата организација ја претставуваше претседателот на ВАКО Македонија, Дејан Митровски – Урко. Притоа нашата Федрација е пофалена за организацијата за Европското првенство за кадети и јуниори од 3- 9 септември во Скопје, како едно од најдобро организираните и најбројни шампионати.

Пелевиќ соопштил дека Германија и Казахстан годинава се примени во националните Олимписки комитети како рамноправни членки.

Освен ова, на редовното Генералното собрание е одбележана и 40-годишнината од основањето на ВАКО со доделување на пригодни спомен плакети.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone