Газдата на ВБЦ: Поветкин е силен по дух и силно удира! (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Povetkin krenata raka

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурисио Сулејман, изјави дека штабовите на официјалниот кандидат Александар Поветкин и шампионот Дионтеј Вајлдер се должни да започнат преговори за меч за титулата во супертешка категорија во средината на јуни. 

„На 13 јуни Вајлдер ќе се бори со Молина и потоа двете страни се должни да започнат преговори. Поветкин е еден од најдобрите боксери во оваа категорија. Тој е силен по дух и удира силно. Многу сум задоволен што таков спортист е претендент за титулата на ВБЦ“, изјави Сулејман.

Русинот го доби статусот на задолжителен предизвикувач за шампионскиот појас на ВБЦ минатиот петок, откако во Москва со нокаут во првата рунда го победи Кубинецот, Мајк Перес. Светски шампион во оваа верзија е Американецот Дионтеј Вајлдер , кој ја освои титулата на средбата против Бармејн Стиворн. На 13 јуни Дионтеј ќе ја има првата одбрана против сонародникот Ерик Молина.

Потсетуваме дека појасот на ВБЦ е единствениот кој недостасува во шампионската колекција на Владимир Кличко .

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone