Габриел Сапта клупската џудо мисијата ја почна со Сеишин-Прилеп (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

sapta objasnuva vo pp

Џудо експертот Габриел Сапта од Белгија, носител на мајсторски појас 6 дан, кој е нагажиран од Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработка со Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) на една годишна за унапредување на џудо споротот во нашата држава, првата работна посета ја започна во Прилеп.

sapta so veteranite vo pp

Денеска тој го посети ЏК Сеишин и одржа тренинзи со деца, помлади и постари пионери (прва група) и со кадетите, јуниори и сениорите (втора група).

sapta so trenerite vo pp

„На тренинзите присуствуваа околу 70 членови на клубот, од најмладите па се до најстари членови, ветераните. Првично, Сапта само ја скенираше состојбата и моменталната стручна подготовка на џудистите, осврнувајќи се на одредени сугестии околу методите за работа со цел постигнување на поголеми спортски резултати. Во следната фаза на неговите работни посети ќе се работи на суштински техничко-тактички подготовки на натпреварувачите. Во текот на утрешниот ден предвидено е да одржи пооделни состаноци со тимот тренери, а потоа и со раководството и комисиите на клубот. Вотекот на работната посета оваа недела Сапта ќе ги посети и другите клубови во нашиот град“, велат од Сеишин.

seisin i sapta

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone