Во АМС се конституира Советот за спорт
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Во Агенцијата за млади и спорт денес се одржа конститутивна седница на Советот за спорт, надворешно тело задолжено за креирање на политики во областа на спортот и реализирање на програмски активности.

Советот е составен од седум членови: проф. Александра Војневска – Зикова, проф. Ванчо Димовски, доц. д-р Андријана Зафировска – Мисовска, д-р Страшо Глигоров, проф. Калач Руждија, Примислав Димовски и проф. д-р Милан Наумовски.

За претседател на Советот за спорт е избрана Александра Војневска – Зикова, наша позната атлетичарка и олимпијка.

„Заложбата на Агенцијата за млади и спорт е да вклучи што поголем број на професионалци, искусни спортски работници кои со своите совети и работа можат да придонесат за развој на спортот во Македонија. Вклученоста на жената – спортист е исто така меѓу приоритетите и работиме на поголема застапеност на жените во спортот и менаџирањето со федерациите“, соопштија од АМС.

Претседателката на Советот за спорт, Александра Војневска – Зикова се заблагодари за довербата и истакна дека Советот ќе работи тимски, ставајќи акцент на младинските категории и стратегиски пристап кон спортот.

Целта е успешните спортисти, по завршување на својата кариера да останат во спортот, како главни мотиватори и ментори на новите генерации.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone