Владимир Егоров не го помина Кубанецот Ортега на Светското првенство (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Владимир Егоров (-57 кг) не се пласира во полуфиналето по поразот од Кубанецот Раниери Ортега со 1-3 во четвртфиналната борба на Светското првенство во борење слободен стил во У-23 во Бидгошч – Полска.

Кубанецот поведе со 0-1 зо казнен поен, резултат со кој завбрши првата рунда. Во втората тргна посилно но на негова акција противникот помина во контраакција која не беше бодува. Сепак, тимот на Ортега побара челенџ и поведе со 0-3. До крајот Егоров зема само еден поен со казна за неактивност на протовникот. Сега пресотанува Кубанецот да се пласира во финалето за да може Егоров да се надева на борби во репасажот.

Егоров во четвртфиналето со технички туш (11-1) го совлдада Ислам Кенешов од Киргистан, а во првото коло го победи Абделхак Хербаче од Алжир со 10-4.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone