Владимир Егоров е меѓу осумте најдобри на Светското првенство (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Владимир Егоров (57 кг) е меѓу осумте најдобри борачи во светот откако во четвртфиналето со технички туш (11-1) го совлдада Ислам Кенешов од Киргистан.

Нашиот репрезентативец со феноменалната борба во втора рунда на Светското првенство во борење за помлади сениори (У-23) во слободен стил во Бидгошч, Полска, дојде до убедлив триумф. Првата рунда заврши 1-1, при што прв победе Егоров. Во втората рунда македонскиот борач беше по агресивен и во три аккции дојде до победата. Владимир жестоко тргна уште од првата секунда и направи предност 3-1, потоа и од 5-1, а во поврзаната акција го зголемуваше бодовното салдо на 7-1, 9-1 и 11-1 со што заврши борбата.

Егоров во четвртфиналето ќе се бори со Кубанецот Раниери Ортега и ако го помине ќе влезе во борбара за медалите.

Владимир Егоров во првото коло го совлада Абделхак Хербаче од Алжир со 10-4.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone