Виктор Ивановски од Пелистер е избран за член Извршниот одбор на ЏФМ
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

 

На изборното Собрание на Џудо федерација на Македонија (ЏФМ), на кое што се избираше претседател, извршен и надзорен одбор, за нов член на Извршниот одбор е избран Виктор Ивановски од Битола, магистер на правни науки.

„Како долгогодишен член на Џудо клубот „Пелистер“ од Битола и активен џудист е вклучен во многу процеси од развојот на џудо спортот, преку најразлични теоретски и практични обуки, како и учество на голем број семинари и натпревари. Сето ова и понатаму ја докажува активноста и професионалноста на џудо клубот „Пелистер“ од Битола, кој и понатаму продолжува со мотивирана и напорна работа и заедно со Џудо федерацијата придонесуваат кон развојот на џудо спортот во Македонија“, велат од ЏК Пелистер.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone