Ветераните ќе го воскреснуваат Спартак
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

nase trajce meco

Во последните години, БК Спартак од Кочани како да постои само на хартија. Токму во годината на јубилејот 55 години од постоењето, ветераните на Спартак организираа заедничка средба

На средбата присуствуваа Насе Насев, екс селектор на македонската репрезнтација, кој учествуваше на четири Олимпијади, како селектор и толку пати како директор на МОК. Eден од најдобрите судии, Љупчо Јанев, кој судеше на две олимпијади. Влатко Соколов, учесник на ЛОИ во Барселона 1992 година. Првиот претседател на клубот, Благој Гацов, кој беше и директор на БК Вардар и други. На оваа средба беа повикани и членовите на актуелното потесно раководство на најтрофејниот клуб, Балканец.

efka vo stip

Спартак и Балканец имаа меѓусебна долгогодишна соработка. Во изминатите години, Спартак се засилувал со борачи од Балканец и обратно

Во една пријатна атмосфера, ветераните на Спартак се потсетија и на вицешампионската   европска титула и третото место во КЕШ, 1975 и 1976 година, кога овој клуб беше бренд во Македонија. Посакаа да се обнови клубот. Единствена беше заложбата-силен Спартак ќе придонесе и за посилен Балканец. Двата клуба се договорија за заедничка соработка, со цел борењето во Македонија да се врати на старите патеки. Колку ќе се успее во тоа, времето ќе покаже.

ipon.mk/К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone