Велес е подготвен за Државното првенство во борење – сениори и кадети
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Во недела се одржува Државното првенство во борење слободен стил за сениори и кадети во Велес. Се очекува ова првенство да биде едно од послините во последните неколку години.

„Организацијата е при крај, а најавено е учество на преку 100 борачи во двете возрасни категории“, вели Игор Мицевски – Скакар од БК Борец, технички организатор на првенството.

Враќање на душекот најави Дејан Митров, како и Бесмир Весели, Јасин Реџелари, Ертан Реџепи. Тука се и учесниците на Европското првенство Бобан Савев и Елмедин Сејфулаху.

Штета е што тешкашот Александар Стојанов нема да настапи на шампионатот, а кој работи во Греманија, но затоа силите ќе си ги испроба на Европското првенство во самбо во Минск, Белорусија од 19-21 мај.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone