Вајт: Ако Мек Грегор загуби нема да му наштети на УФЦ
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Конор Мек Грегор против Флојд Мејведер најверојатно ќе биде најголемиот настан во историјата на боречките спортови. Во овој меч се поставени многу работи со различни нивоа на важност.

Човекот кој може да загуби најмногу е Мејведер. Тој го изедначи рекордот на Роки Марчијано од 49 победи и 0 порази. Ако загуби, ќе пропаднат неговите напори во текот на целата кариера.

Човекот кој може да загуби најмалку е Мек Грегор. Тој ќе се бори против најдобриот одбранбен боксер во историјата на спортот и ќе заработи повеќе од 50 милиони долари, можеби десет пати повеќе од оние што ги има заработено во ММА.

Но ако Мејведер победи без многу напор за неколку минути, ќе се одрази ли тоа лошо на мешаните боречки вештини и УФЦ?

„Апсолутно не“, изјави Дана Вајт за Шердог.

„На крајот на кариштата, и двајцата ја сакаа оваа битка. Навивачите ја сакаа оваа борба. Конор е ММА натпреварувач кој излегува на боксерскиот ринг против еден од најдобрите на сите времиња. Не мислам дека тоа му нанесува штета на брендот или на Конор. Фактот дека тоа дете, што има толку многу да загуби, е подготвено да влезе во рингот и апсолутно е сигурен дека ќе ја добие оваа битка. Мислам дека ова е една од многуте причини зашто луѓето го сакаат Конор Мек Грегор. Без разлика дали ќе победи, загуби или ќе заврши нерешено, тоа ќе биде уште една од причините луѓето да продолжат да го сакаат“, заврши Вајт.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone