Вајлдер: Никој во Америка не знае за Џошуа
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

ВБЦ првакот Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КО) и ИБФ, ИБО и ВБА шампионот Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) се подготвуваат за следнити одбрани на титулите светски шампион во тешка категорија.

32-годишниот Американец на 3 март седми пат ќе го брани појасот против непоразениот Луис Ортиз (28-0, 24 КО), додека Џошуа петти пат ја брани титулата во судир со ВБО шампион Џозеф Паркер (24-0, 18 КО).

И двајцата поскауваат да победат, бидејќи тоа ќе им го отвори патот за нивната борба.

Џошуа веќе изјави дека во однос на тоа колку следненици има во Велика Британија нема потреба да се бори со Вајлдер во Америка.

Шампионот на ВБЦ смета дека Англичанецот мора да дојде во САД ако сака да стане глобална ѕвезда.

„Може ја има својата земја зад себе и тоа е тоа“, рече Вајлдер.

„Дали сака да биде запаметен како шампион во својата земја? Во остатокот од светот не знаат за него. Овде, во Америка, дури и неговото име не го знаат. Го знаат само оној големиот човек од Англија. Тоа е факт“

„Јас му требам на него и тој ми треба, освен ако не сака да ги обедини титулите. Освен ако не сака да се остане на својата страна на барата и дозволи на луѓето да гравитираат кон него и да биде лажен. Но, никогаш нема да биде глобална икона. Никогаш нема да биде светски познат без мене. Сите патишта водат кон Дионтеј Вајлдер“.

„Сите ја сакаат оваа борба освен промоторот на Ентони Џошуа. Тие знаат колкав е ризикот. И би требало да бидат загрижени, но не знам што мислат. Колку боксерската јавност им дозволи да ме избегнуваат? Ова е најголемата борба на нашата ера“.

Промотор на Џошуа, Еди Херн, веќе неколку пати ваквите тврдења на Вајлдер, велејќи дека Вајлдер иако Американец ниту самиот не е многу популарен во својата земја.

Тога го докажа со анкета спроведена по случаен избор во Њујорк кон крајот на минатата година.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone