Вајлдер на прес-конференција во Њујорк, Ортиз спречен од ураганот (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Непоразениот светски шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер (38 – 0, 37 КО) ќе ја направи 6-тата одбрана на титулата против кубанскиот нокаутер Луис Ортиз -Кинг Конг (27-0, 23 КО) на 4 ноември во Бакрли центарот во Њујорк.

Вајлдер и Ортиз требаше да ја одржат првата официјална прес-конференција во Њујорк, на која Кубанецот не успеа да стигне поради ураганот што ја зафати Северна Америка.

31-годишниот Вајлдер (201 см, 103 кг) е единствениот американски светски шампион во тешка категорија. Тој титулата на ВБЦ ја освои по победата во12 рунди со едногласна одлука над Бирмејн Стиворн на 17 јануари 2015 година.

Ако 38-годишниот Ортиз (193 см, 109 кг) ја освои титулата, тој ќе биде првиот кубански боксер кој ќе стане светски шампион во тешка категорија.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone