Б.Заборски: Многу сум задоволен од настапот на Ангела Мојсовска (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

„Ангела Мојсовска на овој турнир покажа добра подготвеност и голема зрелост, таа имаше осум борби и успеа да освои сребрен медал во сениорска конкуренција, иако е јуниорка. Поради тоа многу сум задоволен од нејзиниот настап“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски по сребрениот медал на Ангела Мојсовска во сениорска конкуренција на Меѓународниот турнир Кроација опен кој се одржа во Риека викендов што измина и додаде дека различните резултати на Мојсовска во сениорска конкуренција и во У-21 се поради тоа што претходно била оштетена во борбата за бронзениот медал, па затоа кај сениорите не дозволила изненадување.

„Сега останува во следниве 20-тина дена да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на Светското првенсто во Шпанија. Од останатите наши репрезентативци Моника Пендаровска не успеа да освои медал, меѓутоа имаше добри настапи, додека Петар Заборски воопшто не отпатува, бидејќи непосредно пред поаѓањето тој се разболе и одлучивме да го поштедиме. Петар Заборски, последната контрола ќе ја направи следниот викенд на турнир од светската Карате 1 Премиер карате лига серија А, во Салзбург, Австрија“, истакна Заборски.

Заборски вели Корација опен бил многу силен турнир и бил последна контрола пред Светското првенство во Тенерифе, Шпанија, од 25 до 29 октомври. На турнирот имало државни репрезентации и каратисти од 28 европски држави, за да ја контролираат својата подготвеност.  Во Хрватска учествуваа 1729  спортисти од 28 држави.

Тренерот на Макпетрол посочува како Ангела Мојсовска (-68 кг) стигна до сребрениот медал во сениорска конкуренција, односно зивојувала три победи и доживеала еден пораз. Во првото коло ја совлада Деси Рубини од Италија со резултат 6-1, потоа во второто коло ја победи Јована Вулиновиќ од Србија со 3-1 и во полуфиналето е подобра од Џулија Каната од Италија 3-0. Во финалето губи од домашната натпреварувачка, стандардната хрватска репрезентативка Ивана Бебек со резултат 1-3.

Да потсетиме само дека Анѓела се натпреваруваше и во конкуренција на помлади сениори У21, во истата категорија -68 кг. Во оваа конкуренција таа се бореше директно за бронзениот медал, но не успеа да го освои и беше петто пласирана. Во првото коло забележа пораз од Прга Ирена со резултат 0-5, , меѓутоа потоа имаше две блескави борби во репасажот за да дојде до бронзениот медал. Тие борби ги победи со,  Шрафер Ким од Швајцарија 4-3, и во следниот натпревар беше подобра од Свелд Аника од Норвешка,    И во директната борба за бронзен медал загуби од  Италијанката Рубине Деси со 1-3.

Ipon.mk/В.Д.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone