Бронзен медал за кендо репрезентацијата на Балканското првенство (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

На Балканско кендо првенство во Црна Гора македонската репрезентација го освои бронзениот медал, со што го повтори најголемиот екипен успех, додека Златко Кесковски го има најдобриот резултат во поединечна конкуренција – второ место.

Македонската репрезентација во состав Владимир Кесковски, Андреј Атанасовски, Матеј Ивановски, Александар Петрески и Владимир Пешков до бронзениот медал дојде во конкуренција на седум држави: Ц.Гора, Србија, Турција, Романија, Хрватска, Бугарија и Македонија,

Македонија ги совлада Хрватска 1 и Хрватска 2 и имаше нерешен резултат со Ц.Гора, како и со Србија во полуфиналето, по што одлучуваат бројот на ипоните.

„Особено истакнат настап имаа сите заедно, но се издвоија Матеј Ивановски и Владимир Кесковски кој доби и награда за борбен дух. За забележување е настапот на Владимир Пешков (Легијата) кој дебитираше на Балканското првенство и оствари 6 победи и само еден загубен меч. Ова е втор бронзен медал на Балканските првенства екипно. Македонската кендо федерација е со двојно помала традиција од останатите федерации на Балканот но со најбрз и квалитетен развој исто така. Без медали останаа Ц.Гора, Хрватска, Бугарија и Турција“,  изјави селекторот Златко Кесковски.

Златото го освоија репрезентативците на Србија, среброто заврши кај Романците.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone