Бронза за Димитар Ѓоргиев на Светското кик бокс првенство, прв пат остана без злато (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Димитар Ѓоргиев го освои бронзениот медал на Светското првенство во кик бокс за сениори во Будимпешта, Унгарија.

Ѓоргиев во категоријата до 74 килограми во полуфиналето на кик лајт дисциплината е поразен од Словакот Марек Карлик со 1-2, така што е оневозможен по четврти пат да се бори за светската титула.

Селекторот Дејан Митровски – Урко вели дека Димитар цело време водел и дека добил и втора опомена за наведнување на главата, поради што ја изгубил борбата. Според Митровски, втората опомена на Ѓоргиев не требало да му ја доделат.

Македонија од ова Светско првенство се враќа само со еден медал, за разлика од СП во 2015 година во Белград кога Ѓоргиев и Ненад Манојловски се закитија со златни медали, а Стефани Тодорова со бронзен.

Кик лајт

-74 кг Димитар Ѓоргиев – Кристоф Каезер (Швајцарија) 2-1

-74 кг Димитар Ѓоргиев – Алекасндрос Вагијанос (Грција) 3-0

-74 кг Димитар Ѓоргиев – Марек Карлик (Словачка) 1-2

 Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone