Брајант Џенингс: Ќе го победам Кличко со волја! (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

klicko dzenings

Претендентот за светските титули во тешка категорија на Владимир Кличко, Брајант Џенингс (САД), се закани дека ќе го детронизира шампионот со својата волја. Тој има само 19 победи (10 со нокаут) од 19 натпревари.

„Здрава работа и упорност“, го кажува рецептот за успех Американецот.

 – Секогаш сум искажувал волја, за да го исполнам незамисливото, – истакна Џенингс.

Тој коментира и зошто избрал да се бори со Владиимр Кличко, наместо да го чека победникот од дуелот Бармеин Стиворн и Дионтеј Вајлдер.

„Кога се покажа можност, веднаш ја зедов. Во тоа време Вајлдер и Стиворн уште не ги имаа почнато преговорите за нивниот меч. Не сакав да се оптоварувам со тоа колку долго ќе трајат нивните пазарења. Секогаш, мојот пат го минувам на потешкиот начин. Несомнено дека дуелот со Владимир Кличко е потежок од оној со Дионтеј Вајлдер“.  Џенингс истакна дека клучот за успехот е секогаш да бидеш на штрек.

„Треба да се придржувам до мојата тактика. Нема да се предавам. Треба да бидам доста активен и умен. Да бидам на штрек и да боксирам мудро“, констатира Американецот.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone