Боксерот Мејведер е најбогатиот спортист во светот
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Американскиот боксер Флојд Мејведер втора година по ред е убедливо најскапо платениот спортист во светот, објави престижниот американски финансиски магазин „Форбс“. Мејведер годинава заработил неверојатни 105 милиони долари.

mejveder-pari

Борбата на Мејведер за шампионската титула против Канело Алварез во септември му донела профит од 150 милиони долари само од телевизиските права, дополнителни 20 милиони од оние кои ја следеле во живо, а заедно со дополнителната маркетиншка заработувачка профит од над 200 милиони долари. Згора на тоа, ако се додат и неговите заработувачи од обложувалниците, богатството е многу поголемо.

Владетелот во тешка категорија, Владимир Кличко, е дури 25-тото со заработка од 28 милиони долари.

Листата на „Топ 10“ спортисти со најголема заработувачка годинава ја сочинуваат:

  1. Флојд Мејведер (бокс)105 милиони долари
  2. Кристијано Роналдо (фудбал) 80
  3. Леброн Џејмс (кошарка) 72,3
  4. Лионел Меси (фудбал) 64,7
  5. Коби Брајант (кошарка) 61,5
  6. Тајгер Вудс (голф) 61,2
  7. Роџер Федерер (тенис) 56,2
  8. Фил Микелсон (голф) 53,2
  9. Рафаел Надал (тенис) 44,5
  10. Мет Рајан (американски фудбал – рагби) 43,8

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone