Бесплатна лекција од Мејведер, која ќе ја удвои силата на вашиот удар (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Flojd na jazinja odmora

Флојд Мејведер е најголемиот боксер на својата генерација, а многу веројатно е дека тој е и најдобриот дефанзивен боксер на сите времиња. Тој е и највисоко платениот спортист на планетата. А кога Флојд ве учи како да упатувате удар, подобро слушајте го внимателно.

Мејведер ја посети базата на ЕСПН и разговараше со Бриен Кени, по што новинарот одлучи да ја тестира силата на својот удар.

Кени упати десен директ во крушката, а машината регистрира резултат од 324 поени. Машината сепак не остана импресионирана. „Роден губитник, роден губитник“, објасни таа за забава на присутните, јавно истакнувајќи колку лошо се претставил тој.

Да, резултатот од првиот обид на новинарот не беше особено добар, а најверојатно причина за тоа беше и неговата неправилна техника. Но свој придонес имаше Флојд, кој набрзина му даде еден бесплатна лекција за точен десен директ со кој Кени успеа двојно да го поправи резултат. Јавната лекцијата се покажа успешна!

Во вториот обид Кени успеа да забележи двоен резултат за разлика од првиот пат – 646 поени, што веќе изгледаше и далеку постраотно. А што точно му објасни Флојд да го упати својот десен директ, видете во следното ВИДЕО.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone