Берат Јакупи и Симона Заборска се најдобро пласирани на Светската ранг листата
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Светската карате федерација (ВКФ) по Карате 1 Серија А лигата во Истанбул, Турција, излезе со новата Ранг листа на која најдобро пласирани македонски каратисти се Берат Јакупи 18 во категоријата до 84 килограми кај мажите и Симона Заборска (-55 кг) е 26-та кај жените.

Во првите 50 каратисти на ранг листата по категории Македонија има девет пласмани со осум натпреварувачи.

Кај мажите во борби Жарко Арсовски (+84 кг) е на 24 позиција, Емил Павлов (-60 кг) 26-ти, Ненад Ќелебиќ (-67 кг) 36, Енес Смаилагиќ (-75 кг) 46 и Мартин Несторовски (+84 кг) е 49-ти.

Во борби кај жените Наташа Стефановска има два пласмани, во категоријата до 61 килограм таа 38-ма а во категоријата до 68 килограми е 43-та, додека Сара Радичевска (-50 кг) е 48-ма. Во кати Пуликсенија Јованоска е 36-та.

Пласманот до 50-тото место е значаен поради наметнатите правила од страна на Светската карате федерација (ВКФ) од 1 јануари 2018 година да го ограничи борјот на учесници во категорите, по 64 натпреварувачи во секоја категорија, односно по еден од држава. Изборот ќе се прави од Ранг листата на ВКФ, при што првите 50 имаат предност.

Од друга страна, од идната година почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето за прв пат ќе дебитира на Олимпијадите. Поради овие причини, Карате 1 Серија А (Премиер) лигата до крајот на годината ќе има максимална посетеност и ќе го надминува квалитетот и на светските првенства. Кој ќе избори подобра позиција, ќе има поголеми шанси за Олимпијадата во Јапонија. Следните турнири на Лигата се во Слазбург (7 и 8 октомври) и Окинава (25 и 26 ноември).

За нашите каратисти е битно тоа што Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на каратистите што се меѓу првите 50 на Ранг листата целосно ќе им ги покрива трошоците за натпреварите и подоготовките.

Ранг листа на ВКФ

60 кг
1.Амир Мехдизадех – Иран – 3920
2.Садридин Сајматов – Узбекистан – 3655
3.Ајкут Каја – Турција – 3479
26.Емил Павлов – Штип – 1172,50

67 кг
1.Андрес Мадера – Венецуела – 4245
2.Винициус Фигуеира – Бразил – 3711
3.Џордан Томас – Англија – 3565
36.Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – 892,50
81.Димитар Илиевски – Ботони – 446,40

75 кг
1.Рфаел Агаев – Азербејџан – 4275
2.Томас Скот – САД – 4230
3.Луџи Буса – Италија – 4040
46.Енес Смаилагиќ – Цветан Димов – 676
65.Иво Цветковски – Металург – 552,50
90.Петар Заборски – Макпетрол – 330,50
110.Ферат Корбуличи – Металург – 270
151.Азиз Исмаил – Металург – 190.50

-84 кг
1.Рјутаро Арага – Јапонија – 5347
2.Ајхан Мамајев – Азербејџан – 4195
3.Забиолах Поршаб – Иран – 3067
18.Берат Јакупи – Асиарт – 1355
58.Виктор Крстевски – Металург – 513,50
96.Петар Спасеновски – Металург – 495
113.Сашко Патраклиев – Македонка – 293,50

+84 кг
1.Сајад Гањзадех – Иран – 4477
2.Ачраф Оучен – Мароко – 3045
3.Енес Еркан – Турција – 3025
24.Жарко Арсовски –Штип – 1102, 50
49.Мартин Несторовски – Металург – 602,50

50 кг
1.Рекија Александра – Франција – 4217
2.Бетина Планк – Австрија – 4006,50
3.Михо Мијахара – Јапонија – 3588
48.Сара Радичевска категорија – Макпетрол – 465

55 кг  
1.Вен Зун-јун – Тајпеј – 4395 поени
2.Валерија Кумизаки –Барзил – 4293
3.Анжелика Тералјуга – Украина 3920
26.Симона Заборска – Макпетрол – 947, 50 поени
51.Јована Георгиева – Олимпик спорт – 527
130.Моника Пендароска – Макпетрол – 160

61 кг
1.Ксијаојан Јин – Кина – 4185
2.Анита Серогина – Украина – 4066,50
3.Луси Игнас – Франција – 3866
38.Наташа Стефановска – Макпетрол – 760,50
113.Вероника Костовска – Кеикс – 190

68 кг
1.Алиса Бухингер – Австрија – 5014,50
2.Ирина Заретска – Азербејџан – 3633
3.Елена Кирици – Швајцарија – 3600,50
43.Наташа Стефановска – Макпетрол – 571,50
86.Ангела Мојсовска – Макпетрол – 245
127.Бојана Манева – Штип – 100

+68 кг
1.Ајуми Уекуса – Јапонија – 6295
2.Доминика Татарова – Словачка 3815
3.Ане-Лор Флорентин – Франција – 2623
116.Драгана Тодорова – Металург – 117,50

Кати
1.Демијан Кинтеро – Шпанија – 7203
2.Рјо Кијуна – Јапонија – 6569
3.Анонио Дијаз – Венецуела – 3803
195.Ферри Исиќ – Вардар – 152,50

1.Сандра Санчез – Шпанија – 6825
2.Кију Шимицу – Јапонија – 4079
3.Вивијана Ботаро – Италија – 4019
36.Пуликсенија Јованоска – Ронин -818
182.Мишела Димоска – Ронин – 118
187.Маријана Димоска – Ронин – 108`

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone