Бадр Хари сака реванш летово: Се уверив дека Рико Верховен не е на мое ниво!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

badr-i-riko-soocuvanje

Бард Хари конечно рече нешто во врска со мечот што го направи против Рико Верховен. Тој беше поразен со прекин во втората рунда, по повредата што ја доживеа на мускулите и не можеше да го продолжи натпреварот.

Веднаш по завршувањето на мечот, Хари посака да го одработи реванш мечот, бидејќи и двајцата и останаа должни на навивачите. Што се однесува за првата рунда, Мароканецот во неа изгледаше многу добро и потсети на своите славни денови, но остави впечаток дека на крајот почна да се троши. Би било занимливо да се видеше што ќе се случеше до крајот на средбата, но можеби ќе имаме прилика да гледаме сè од почеток.

„Го повредив мускулот на мечот и затоа раката така видливо ми отече. Не можам да ви кажам кога се случи тоа, само знам дека бевме во клинч и одеднаш не можев да ја помрданм раката. Ја погледнав и видов, па бев принуден да се предадам. Се уште раката ме боли, но  чувствувам дека секој ден е подобра. Не можам да дочекам одново да почнам да тренирам и сигурно сум дека реваншот ќе дојде во првата можна прилика. Јас бидам подготвен во мај или во јуни, а на Глори е го договори тоа“, рече на „Бед бој“.

И картичките на судиите Хари победи во прват рунда, па поради тоа му е уште потешко што се така се случи.

„Резултатот од првата рунда е доказ дека се борев добро, а го чувствував во текот на борбата. Не можеше да ме дофати, не може да сме биле заедно во телефонска говорница. Почна да се фрустрира и затоа толку многу боли ова што се случи. Тој е добар борец, но тоа треба да се биде многу повеќе од тоа за да ме совлада, тој се уште не мое ниво“.

И ние се надеваме на што поскорашен реванш, бидејќи она што се случи сигурно никого не го задоволи, дури ниту победникот Верховен.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone