Ашкилов поразен со недозволен удар во финалето на Лигата на Словенија!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Mite Askilov maj taj

Мите Ашкилов викендов имаше меч со Александар Бедрац од Словенија, како дел од финалниот турнир на Лигата на Словенија во мај тај во категоријата до 81 килограм. Ашкилов го загуби мечот со прекин, но со недозволен удар во тилот.

„Во мај тај не е дозволен удар во тилот . Но, судиите не го санкционираа тоа, затоа што Бедрац е нивен борец“, изјави Ашкилов за ipon.mk.

Инаку, минатото коло Ашкилов го победи Словенецот.

 Нема време за жалење, бидејќи при крајот на овој месец Мите Ашкилов има борба во Бугарија. Или, како што вели Мите, „нема борба нема победа“.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone