Арлинд Хусеини: Имавме послаб квалитет на првенствата, на СП очекувам медал!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Arlin Huseini

Завршија Државното изборно првенство во карате и Плеј-офот за кадети, јуниори и јуниори 21 за избор на репрезентацијата на Македонија за Светското првенство во Џакарта-Индонезија, од 12-15 номеври. Отприлика контурите на репрезентцаијата се познати, но претстои уште еден филтер на 3 и 4 октомври на „Риека опен“ во Хрватска.

Со тренерот на репрезентацијата до 21 година, Арлинд Хусеини, правиме пресек по двете одржани првенства и за покажаниот квалитет.

„За разлика од порано, сега имаме послаб квалитет, бидејќи конкуренцијата е намалена. Во многу категории имаше по еден или двајца натпреварувачи, а тоа значи дека со една борба не можеме да го провериме нивниот квалитет. Нјасилна конкуренција имаше во категориите до 75 и до 84 килограми. За жал, кај девојките конкуренцијата е мала, а имаме и квалитативен пад“, вели тренерот на репрезентацијата за јуниори до 21 година, Арлинд Хусеини.

Arlind i jas

За некои категории има појасна слика и отприлика се знаат контурите на репрезентацијата, а за другите турнирот во Риека ќе биде шанса да се докажат, на кој ќе настапат првите двајца по категории од Државното изборно првенство и Плеј-офот, но за јуниорите до 21 година влегуваат и двата турнира од Карате 1 Премиер лигата во Ханау-Герамнија и Салзбург-Австрија, кои исто така носат бодови.

„Значи, имаат уште две премиер лиги на кои имаат можност да покажат сите карате квалитети и да освојат повеќе бодови и да имаа повеќе победи, бидејќи во У-21 се бара на два натпревари да се има по две победи, за да се фати критериумот за член на репрезентацијата во У-21 во борби“, наведува Хусеини.

Пред патот за Индонезија следат подготовки на репрезентацијата, за кои се уште има ддилема каде ќе се одвиваат.

„Подготовките на репрезентцаијата ќе бидат или во Дојран или во Охрид. На СП најмногу очекувам во категориите до 75 и до 84 клиограми, однонсо освојување на медал“, нагласи Хусеини.

ipon.mk/В.Д.
print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone