Андреј Димитров е вицешампион на Балканот во џиу џицу (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Андреј Димитров од Дан кју на Балканското првенство во џиу џицу за У-12, У-18 и У-21 го освои сребрениот медал во Подгорица, Црна Гора.

Димитров ги доби борбите против натпреварувачи од Кипар и Црна Гора, а загуби од Грк.

Дарко Стојановски беше близу до медал, но мораше да се задволи со чевтрото место, а Јаким Колевски  е седми. Покрај нив на турнирот настапија и Давид Дамовски и Зоран Колевски, кои во своите категории имаа по 16 борци.

„И покрај нивните одлични борби не успеаја да дојдат до медал. Ова е второ учество на мои борци на вакво првенство, првото беше во Кипар минатата година каде што Давид Дамовски се избори за третото место. На моите борци им честитам за покажаната борбеност, одиме понатаму во нови победи“, вели тренерот Александар Ацевски.

Да потсетиме дека Катерина Ацевска го освои бронзениот медал еден ден порано на Светскиот куп.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone