Андерсон Силва: Не е крај – борбата продолжува
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

42-годишниот Андерсон Силва се уште планира да ја продолжи ММА кариерата.

Поранешниот УФЦ шампион во средна категорија во ноември минатата година во пресрет на борбата со Келвин Гастелум по втор пат во кариерата беше позитивни на допинг тест.

Силва, по борбата со Ник Дијаз во јануари 2015 година беше позитивен на два анаболни стероиди. По едногодишна суспензија загуби од Мајкл Биспинг и Даниел Кормиер, а во последната борба во февруари со одлука на судиите го победи Дерек Барнсон и ја прекина серијата без победа долга четири години. Од последната борба поминаа 11 месеци.

ММА великанот се јави преку Инстаграм и се заблагодари на поддршката што досега ја имаше и ги најави плановите за продолжување на кариерата.

„Ви благодарам момци! Бидете сигурни дека сè уште не е готово. Мојата љубов и страст за борба се тука, цврсти и јаки. Борбата продолжува, ќе престанам кога Бог ќе мисли дека не можам повеќе. Значи, оној кој ми е фан може да го очекува моето скорешно враќање. За радоста на оние кои навиваат за мене и за жал на оние кои не навиваат“.

Не го коментираше тековниот случај со Американската антидопинг агенција.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone