Ана Марија Георгиевска за малку остана без бронзата на Европското таеквондо првенство
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Ана Марија Георгиевска (-59 кг) славеше со 14-5 против Словенката Адна Кадрич на Европското таеквондо првенство за јуниори во Ларнака, Кипар, во првото коло.

Во второто се сретна Дијана Макиевскаја од Русија и беше поразена со 4-7, а тоа и оневозможи настап во полуфиналето и обезбедување најмалку на бронзен медал.

Во оваа категорија триумфираше Ника Клепач од Хрвтаска пред Икра Кајир од турција и третопласираните Алескандра Перишиќ од Србија и Дијана Макиевскаја.

„Русинката за многу малку ја победи Ана Марија, реално, Георгиевска беше подобра. Ни избега медалот за малку“, вели тренерот Дарко Костовски кој за идната недела најави учество на Балканското првенство во Турција.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone