Александар Стојковски-Алек: Тајланд-искуство што остава траен белег!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Alek so ljupco mavasi

Кик бокс клубот „Скопје“ од Скопје е зачетник на македонскиот кикбокс, кој во почетокот на 90-тите години од минатиот век го основа Љупчо Неделковски. Клуб со богата традиција и успеси, расадник на таленти и нови клубови.

По ненадејната смрт на основоположникот на кикбоксот, Љупчо Неделковски во 2009 година, клубот го презема неговиот ученик Александар Стојковски-Алек, кој го формира и клубот „Каринг“. До ден-денес, паралелно, со успех ги води и двата клуба.

Alek pobednik

-Големо задоволство и обврска е да се води првиот кик бокс клуб, од каде што се почна во Македонија во овој спорт. Паралелно го водам и Каринг, кои се меѓу првите клубови во нашата земја и по бројност и по резултати, – вели тренерот Александар Стојковски.

И двата клуба неодамна учествуваа на Државното пренство за кадети, јуниори и сениори во Скопје, при што имаа забележителен настап.

-Презадоволни сме од остварените резултати на клупски план на Државното првенство. КБК Скопје освои два златни и два сребрени медали (2-2-0), а КБК Каринг по еден златен и бронзен и два сребрени медали (1-2-1), – категоричен е Александар, кој ја нагласи и добрата организација на првеснтвото.

Alek Karing

Тој истакнува дека репрезентативците од неговите клубови оствариле значајни меѓународни резултати на куповите во Бихаќ, Пешан, Европското првенство во Римини, Италија, и други. Каринг има освоено преку 17 медали, а Скопје над 20 под водство на Стојковски.

Бројот на членови варира во текот на годината и се движи од 25 до 50, а откако е отворен Каринг во 2009 година во клубот поминале преку 500 регистрирани членови.

Овие бројки се само показател за популарноста на овој спорт и е во вистински подем кај нас и по бројот на спортисти и по бројот на успеси.

Според Стојковски, за медиумската експанзија на кикбоскот најзаслужен е Жан Клод ван Дам со легендарниот филм „Кикбоксер“.

-Љупчо Неделковски, односно фамилијата Неделковски, се протагонистите на кикбоскот во нашата земја и десетина луѓе околу нив. Ние како деца почнувавме да се занимваме со овој спорт кај Неделковски. Сега од „почетниците“, околу 5-6 луѓе активно се занимваме со кикбокс, и како тренери и како технички лица, – посочува тој.

Alek Tajland centar

Стојковски спортските чекори ги прави во каратето во КК Вардар во 1988/89 година кај Назим Куртовиќ, а Зоран Пејов му еден од првите тренери и се задржува 5-6 години. Потоа вежба бокс, а 1999 почнува да тренира кик бокс. На Европското првенство за сениори во 2003 година во Италија го освојува бронзениот медал, а наредната година на Купот во Кутина-Хрватска е прв во лоу-кик. Стојковски учествува на сите позначајни турнири и првенства, а во 2003 година учествува на најсилното првенство што го организира ВАКО во Јалта, Украина, во тајландски бокс и остварува две победи. До 2007 година е државен првак во тешка и во апсолутна категорија. Последната борба ја има на Светското првенство во мај тај во Банког, Тајланд, каде што го освојува бронзениот медал. Во кариерата има 30 професионални борби, 20 победи и 10 порази. Се борел со сите познати имиња во кикбоксот од регионот како: Џевад Потурак, Адо Мухарамија, Аднан Реџовиќ и други.

Алек и Пасават Саенгсаванг

Алек и Пасават Саенгсаванг

Какви се можностите и на македонскиот кикбокс и какви дострели може да очекуваме Алексанадар нагласува: „Македонските кикбоксери се доста респектирани од противниците. Знаат за нивниот квалитет и можностите, а тоа е показател дека се препознаталиви во светот. Димитар Георгиев е актуелен светски првак- двократен, а Мики Ивановски е носител на бронзениот медал од Европското првенство во Билбао, Шпанија. Имаме и спортисти и тренери. Има периоди кога се паѓа со кванитетот, но за кратко време се дополнува. Сепак, имаме квлитетни борци.

Битно е да имаме идеја и цел, а тоа е во секоја дисциплина и категорија да имаме по еден квалитетен натпреварувач. Да имаме 30 момчиња кои ќе знаат што да прават“.

Во тие насоки се осврна и на перспективата на клубовите под негово раководство, Скопје и Каринг. За Јован Ивановски (Каринг) и Мартин Саздов (Скопје) вели дека се натпреварувачи со висок квалитет, а не се помали очекувањата и од Владимир Јовановски Минов (Скопје).

-Може да бидат носители на медали. Тренираат кик бокс по 5-6 години и се на возраст од 16 до 18 години, така што може да очекуваме медали од нив, -смета Стојковски, додавајќи дека и по другите клубови има таленти кои можат да се закитат со медали од големите натпреварувања.

Стојковски е од првите генарции на кикбоксерите, кои во едни поинакви услови правеа врнвни резултати. И сегашните генерации не изостануваат со успесите, но…

Alek borba

-Многу резултати не ни беа признаени. Резултатите се сведоа на железо, а само добрата волја и санодливоста на Неделковски ни носеа по некоја награда. Сега имаат бенефит преку Агенцијата за млади и спорт, односно категоризацијата на успесите, кои се наградуваат со стипендии. Се променија правилата. Државата ги признава резултатите. Условите се подобри, не се борат само за железо, – заклучува тренерот Стојковски.

Првиот македонски кик боксер кој настапил во Тајланд е Стојковски, кој со Александра Неделковска и уште еден член, присуствуваат на СП и на семинарот на Буанкав со неговиот тренер.Alek so tigar

-Отидов на местото поради кое го заскав овој спорт. Ми се оствари желбата. Животна желба ми беше да отидам на местото каде што се снимаше легендарниот филм со Жан Клод ван Дам „Кикбоксер“. Тие се држат до изворното и не ги менуваат правилата, затоа и имаат проблеми кога се борат со противници од Европа или други места, односно доаѓаат во бунило и ги губат борбите. Си поминав преубави 20 дена. Се здобив со големо знаење кое го пренесувам во моите клубови, а кое е од пред 1000 години. Вежбавме со голи раце, само техники-човек на човек, – раскажува Стојковски за желбата на животот.

Според него, секој треба да го доживее Тајланд ако е вљубен во спортот. Натпреварот се одржувал на отворено во Банког на стадионот Лумпина.

-Искуство што остава траен белег. Техниките што ги научив таму нема каде на друго место да се научат, – нагласува Алек.

За претсојните големи натпревари и за јуниорите во Римини – Италија и за сениорите, кои ги очекува настап на Севсткото првенство, вели дека може да очекуваме медали, зашто од сите досегашни натпреварувања сме се враќале со медали.

ipon.mk/В.Донев

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone